МАТЕРИЈАЛ НА РАМКА : Ацетат/ Метал во златен тон
БОЈА НА РАМКА : Кафеава/ хавана
ФОРМА НА РАМКА : Квадратна
ДЕТАЛИ : Лого ( знак) Gucci
СТАКЛA : Кафеави
МОДЕЛ : GG0434S 003
100 % UVA/UVB ЗАШТИТА
ДИМЕНЗИИ : 61x12x140
ПРОИЗВЕДЕНИ ВО : Италија
100% АВТЕНТИЧНОСТ
ПАКУВАЊЕ И СЕРТИФИКАТИ :
Очилата пристигнуваат во тврда футрола од кадифе, достапни во опсег од шест бои во тон во комбинација со соодветна сатенска торбичка. Изборот на боја ќе биде избран индивидуално за секој пар очила и доаѓа со уникатна сатенска торбичка и крпче од слонова коска од микрофибер за одржување на очилата за сонце.
Упатство за одржување и гарантен сертификат за квалитет и оригиналност
Право на откажување, враќање и замена на производи
Замената на производи се врши исклучиво онлајн и не е возможна физичка замена на производи во нашите продажни места.
По прием на пратката, Ве замолуваме да го проверите производот, и доколку воочите оштетувања, или моделот и големината се несоодветни за Вас, потребно е да не конкактирате во рок од 24 часа од моментот на примање на нарачката, на телефонскиот број 075/205-204 или да испратите маил на info@optikazeiss.mk и да ги наведете своите лични податоци и причината поради која сакате да го вратите/замените производот.
Производот предмет на замена треба да се врати во рок од 15 дена од денот на прием на нарачката, со приложување на фактурата која сте ја добиле при доставувањето на производот. Производот мора да биде неупотребуван, неоштетен и спакуван во оригиналното пакување во футролата која сте ја ја добиле со сите приложени додатоци. Очилата, спакувани во своето оригинално пакување, треба да се испратат преку курир до адреса која ќе ви ја приложат нашите продавачи. Трошокот за замена на производи е на товар на купувачот, во висина од 150 ден, освен кога се работи за рекламирање на производот.
По прием на пратката, производот ќе биде проверен од можни оштетувања а вклучително и неговата исправност. Доколку се утврди оштетување на очилата од било каков вид, а е производ на неправилно ракување од страна на клиентот, клиентот е исклучиво одговорен за намалената вредност на производот, што произлегува како последица на ракувањето со производот, на начин што не е соодветен. Во случај на настанати неправилности и оштетувања од страна на клиентот, средстбата нема да бидат рефундирани и производот ќе биде вратен на купувачот.
ОПТИКА ЦАЈС го задржува правото во случај на замена на производи,
или поврат на средства, плаќањето да го изврши преку VISA, EC/MC, Maestro, и банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот.
Рокот на замена на производ или враќање на средства може да трае до 15 дена.
Поврат на средствата
Поврат на средствата
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите и политиката на Оптика Цајс (види ставка-Право на откажување/враќање/замена)
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, Оптика Цајс има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Рок за замена
Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена. Во однос на замените, поради актуелната ситуација со Ковид – 19, рокот на истите може да се продолжи.
Како можам да порачам?
Го избирате производот кој што ви се допаѓа.Под сликата ги имате потребните информации за производот .Десно од сликата се наоѓа ВОДИЧ ЗА ГОЛЕМИНИ со цел да ја изберете големината која Вам ви одговара.За да направите купување потебно е да ја додадете количината која сакате ја купите, и ја ставате во кошничката за купување која се наоѓа од десната страна до сликата. Со кликнување на ВО КОШНИЧКА се појавува прозорец со содржината на кошничката (содржината можете да ја менувате-додавате/одземате производи од кошничката). Најдолу се наоѓа полето НАПЛАТИ. Со кликнување на ова поле излегуваат податоците за нарачката, за која треба да се регистрирате/најавите/или да ја направите нарачката без регистрација, на кој начин сакате да биде купувањето/плаќањето (картичка или при достава на врата) и цената на производот .Притоа се согласувате на Услови за користење и продажба.
Со кликнување на полето НАРАЧАЈ ја потврдувате нарачката и наскоро нашиот тим ке Ве извести за статусот на нарачката.
Подетално можете да прочитате во делот Услови и правила за купување
Каде се наоѓаат нашите продажни места?
Нашите продажни места се наоѓаат во Битола и Охрид
Оптика Цајс ул. Рузвелтова бр.36 (Спроти главната Пошта)
Оптика Цајс ул. Маршал Тито 56 ( на Широк Сокак)
Оптика Цајс ул. Климент Охридски 104/1 (Стара Чаршија- Охрид)
Работно време во нашите продавници?
Работно време
Од понеделник до петок од 09h до 20h
Сабота од 09h до 16h
МАТЕРИЈАЛИ И ОДРЖУВАЊЕ
Сите очила за сонце содржат материјали кои се безбедни за околината и човекот спрема сите стандарди и прописи
*благородни метали кои се издржливи и отпорни на корозија
*ацетат кој е хипоалерген и флексибилен,лесен истовремено издржлив и прилагодлив, отпорен на гребење и електростатичен
*стакла (кристални стакла, полиамид,поликарбонат, CR-39) кои 100% ја блокираат ултравиолетовата светлина,(HEV) сина светлина и ги апсорбираат сите бранови должини до 380nm
Очилата за сонце се направени од грижливо селектирани материјали. Ве молиме грижливо ракувајте со нив за нивна подолготрајна употреба.
*Чувајте ги во оригиналната футрола
*Бришете ги со меко и суво крпче
*Доколку е потребно чистете ги со влажно крпче натопено во нежен и неутрален сапун
*Не користете абразивни средства и обелувачи кои можат да му наштетат на квалитетот на стаклото