0
0

За Нас

За нас

Приказната на Оптика Zeiss датира од 1995 година. Нашата, тогаш мала семејна компанија, всушност започна како проект со единствена цел да се приближи Битола кон светските модни трендови во поглед на очилата. Водени од желбата да се донесат еминентни брендови, кои ќе ги задоволат квалитативните но и ценовните потреби на нашите потрошувачи, нашата компанија прва ги запозна нашите клиенти со брендирани рамки од различни светски познати производители.



Нашите клиенти ја препознаа нашата желба, да нудиме високо квалитетни производи по одлични цени, и тоа остана наш водечки мотив, нашите купувачи да имаат постојан пристап до најновите модели на очила, во секое време. Поттикнати од огромниот број на лојални клиенти, нашата компанија динамично и флексибилно се адаптира на светскиот пазар, и секогаш внимателно го одбира секој пар очила, диоптриски стакла и леќи, со единствена цел да биде задоволена куповната моќ на сите категории на купувачи. Денес, по повеќе од 20 години постоење, во нашата понуда вклучуваме над 20 интернационални брендови како Ray Ban, Versace, Gucci, Tom Ford, Dolce and Gabbana, Bottega Veneta, Dior, Fendi, Roberto Cavalli, Fendi, Burberry, Еmporio Armani, Valentino, Saint Laurent, Miu Miu, Jimmy Choo, Dsquared, Marc Jacobs, Swarovski, Stella McCartney, Guess, Vogue, Arnette, Just Cavalli и други. Повеќе од 20 години создаваме вредности, доверба и квалитет со продажба на брендирани очила за сонце, оптички рамки и накит.




Успешноста на нашето работење е производ на посветеноста на нашиот професионален тим, кој постојано работи на усовршување и едуцирање преку посетување на лиценцирани обуки во полето на диоптриските стакла но истовремено ги следи и последните производи во светот на очилата.



Преку нашата online платформа, овозможуваме брза и сигурна испорака на производи, одлична грижа на корисници, највисоки безбедносни стандарди при плаќање и заштита на лични податоци. Во секое време, нудиме загарантирана замена на производи, како и рефундирање на парични средства. Нашиот тим, има за цел навремено да одговори на потребите на клиентите, преку редовно ажурирање на желбите но и нарачките на нашите корисници.



Наша цел е и понатаму да се грижиме за нашите ценети корисници, преку зголемување на бројот на нашите продажни места, со мотив да бидеме што поблиску до нив, постојано нудејќи ги најновите колекции на очила за сонце и диоптерски рамки, но и најновите технологии за оптички стакла и леќи.



Exp

Од 1995

постоење на пазарот
Exp

Безбедно плаќање

без ризик и скриени трошоци
Exp

Бесплатна достава

брза и сигурна достава
Exp

Сертифициран дилер

сертифициран дилер

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Се согласувам” се согласувате со користењето на колачињата.

Information

ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:

Работно време на call центарот

Понеделник - Петок
(09ч-17ч)

Контакт

info@optikazeiss.mk