Zeiss гифт картичката е Вашата најдобра опција за подарок. Ви овозможуваме да го направите идеалниот избор, тогаш кога предизвикот да се одбере совршениот поклон Ви изгледа како проблем. Вистинското решение е Zeiss гифт картичката, која претставува вредносен ваучер со висина која Вие ја одредувате, каде најниската вредност може да биде 500ден.
Гифт картичките може да се купат во сите продажни места на Zeiss, во готово или со платежна картичка, но не може да се купат или искористат во нашата online продавница. Може да се искористат во сите продавници на Zeiss, и вклучително важат за купување на сите производи од сите брендови, без разлика дали се работи за очила за сонце, диоптерски рамки, стакла или леќи.
При купување на гифт картичка, купувачот добива фискална сметка која треба да се приложи заедно со ваучерот при искористување во продавницата. Можноста за користење на гифт картичката е 90 дена, од денот на издавање на фискалната сметка која стои приложена со вредносниот ваучер.
При користење на вредносниот ваучер, мора да се искористи целиот износ. Доколку износот на производот кој се купува е помал од вредноста на гифт картичката, остатокот на средствата не се враќаат, но постои можност штом производот има износ кој е поголем од вредносниот ваучер, да се доплати во готово или со картичка.
Вредноста на гифт картичката не може да се замени со парични средства.
Вредносните ваучери може да се користат само за производи кои не се на промоција или попуст.
За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:
Понеделник - Петок
(09ч-17ч)
info@optikazeiss.mk